Категории

Македонски дизајнер создаде верзија на најнов модел на Југо

Надворешноста на новото возило е збирка референци за оригиналниот модел, но со современ изглед.

Во осумдесеттите години на минатиот век, „југо“ беше евтина опција ако сакате да купите автомобил. Исто така, се здоби со глобална попуарност со почетокот на продажбата во САД и ужива култен статус таму – повеќе поради недостатоците и слабиот квалитет.

Македонскиот дизајнер, Дејан Христов одлучи да го оживее, како мал електричен автомобил.

Надворешноста на новото возило е збирка референци за оригиналниот модел, но во модерна амбалажа. Покрај препознатливата „југо“ база, овој модерен модел располага и со продолжени браници, нови браници, поизразени прагови, потенки LED светла, како и нови тркала. Исто така, се предвидува погонот сепак да биде на предните тркала.

Со електричен погон, овој „Југо ЕВ“ теоретски може да биде ривал на неодамна објавениот модерен „Рено 5 ЕВ“, како и другите електрични модели од сегментот Б (Пежо е-208, Опел Корса е, Хонда Е), но се разбира со поприфатлива цена.

Прегледи:
645
Објавено на:
27.09.2021