Категории

Ќерката на Моника Белучи е вистинска убавица: Погледнете како изгледа Дева Касел

Дева Касел е девојката која плени со изгледот, харизмата и природната убавина која со сигурност ја наследила од својата мајка, една од најубавите жени на светот, Моника Белучи. Таа вчеравечер го „украде“ шоуто на ревијата на Диор на модната недела во Париз, а никој не можел да го тргне погледот од нејзиниот едноставен, а прекрасен изглед со кој пленеше во градот на светлината.

Дева, која е заштитно лице на познатиот бренд „Долче и Габана“, како своевремено нејзината мајка, ја красеше насловната страна на францускиот магазин „Elle“, а на насловната страна за италијанскиот „Вог“ се фотографираше заедно со својата мајка.

На ревијата се појави во широки тегет панталони и корсет во иста боа, а блејзер во тон со комбинацијата носеше во рака. Едноставно, многу ефективно и елегантно. Долгата црна коса и минималната шминка само го зголемија глам впечатокот.