Категории

Skopje Sounds Good и Skopje Calling сепак ќе се одржат на 29 и 30 октомври во МКЦ

Шоуто сепак треба да продолжи. Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се одржат на 29 и 30 октомври во МКЦ.

„Нашиот став е дека никогаш не треба да се предадеме и дека ако престане да се свири и пее, престанува и животот. Поради тоа, заедно со нашите спонзори – стратешки партнери, одлучивме двата фестивала Skopje Sounds Good и Skopje Calling коишто беа откажани поради деновите на жалост и поради катастрофата во Тетово, да се одржат во форма која е единствено возможна во овој момент“, велат од Авалон продукција.

Skopje Sounds Good, ќе се одржи со речиси непроменет line up, на 29 октомври, со настапи на BUČ KESIDI, NIPPLEPEOPLE и FUNK SHUI, а на 30 октомври ќе се одржи македонско издание на Skopje Calling исклучиво со домашни диџеи и тоа: GALOSKI, CYRILLIC, CHRIS J и JANA SLAYY.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в четврток (07 октомври) во 9 часот наутро, во строго ограничен број по следниве цени: Skopje Sounds Good- 700 денари, Skopje Calling – 500 денари и блок-билет за двата настана- 900 денари.

Од „Авалон продукција“ наведуваат дека Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се одржат согласно актуелните протоколи за одржување јавни настани.

Прегледи:
540
Објавено на:
06.10.2021