Категории

7. октомври е најлошиот ден во овој месец: Еве што ни носи Венера во Стрелец до 4. ноември

Денес Венера, планетата на љубовта и убавината преоѓа во знакот на авантуристичкиот Стрелец. Венера во овој знак не се чувствува најдобро, па затоа се возможни многу предизвици и проблеми на љубовно поле.

7. октомври е еден од најнеповолните денови во октомври, а влијанието на Венера во Стрелец продолжува до 4. ноември.

Астролозите откриваат како да ги избегнете проблемите на љубовно поле и да се заштитите 0д емотивен хаос!

Стрелецот е симбол на моќна и витална енергија, но на многумина ќе им донесе зголемен стрес, па астролозите препорачуваат да бидете активни во овој период. Венера ќе бара од вас да се прилагодите на лудиот ритам, па затоа е важно да ја насочите силната енергија кон нешто друго, наместо на конфликти и кавги со партнерот. Секое несогласување со саканата личност набргу ќе започне да преминува во кавга.

Голема физичка активност ќе ви помогне да го намалите стресот. Не бидете себични! Стрелецот ќе ја направи Венера себична, бидејќи нејзината енергија ќе се акумулира само во доменот на нејзините иинтереси. Обидете се да им помогнете на другите, не бегајте од туѓите неволји,

За да избегнете љубовни проблеми, еднакво е важно да се посветите на внатрешниот личен развој. Додека е Венера во Стрелец, многумина од нас ќе сакаат да пронајдат одговори на некои прашања, ќе сакаме да го разбереме овој свет и процесите кои се одвиваат во него. Предизвиците кои ни ги носи Венера во Стрелец од 7 октомври до 4 ноември можат да бидат тешки, но можат да помогнат да го сфатиме значењето на љубовта. Овој аспект може да биде непредвидлив и да не стави на тест, но на крај може да извелечеме важна лекција.

Овој период може и да дојде до неверства, формирање љубовни триаголници и дистанца. Паровите кои ќе го поминат тестот ќе зајакнат, ќе го унапредат својот однос и ќе имаат светла иднина!

Прегледи:
472
Објавено на:
07.10.2021