Категории

Плескавици сред Шангај: Четворица балканци отвориле ресторан во центар на Шангај и го нарекле „Ју-го“

Во 2015. година Владимир Милошевиќ (37) од Белград заедно со својата сопруга дошол во Шангај и не можел ни да претпостави дека тука ќе остане во наредние речиси 7 години. Најпрво, тој и неговата сопруга добиле понуда која не можеле да ја одбијат, а потоа гурманската носталгија, дополнително ги ангажирала, па денес Владимир е еден од сопствениците на ресторанот Ју-Го во центар на најголемиот кинески град.

– Во декември минтата година, пиев кафе со Никола, стоматолог кој исто така е од Белград -вели Владимир. – Онака случајно, реков како би сакал да изедам една плескавица, на што Владимир ми одговори: „А јас ќебапи“. Поради короната долго време не доаѓавме во Србија, се појавила носталгија…

Никола му предложил на Владимир да подготвуваат плескавици, на што Владимир со насмевка му рекол: „Ти си луд“. Но, идејата му се допаднала. Истиот момент исконтактирале уште двајца пријатели, Никола Ромиќ од Белград и Влатко Митешев од Македонија, кои со воодушевување ја прифатиле идејата, не поради заработка, туку за да јадат добри плескавици сред Шангај.

Нашле простор во центарот на Шангај и го изнајмиле.

Тие пресметале, ако продадат по 35 плескавици дневни, а работеле на почетокот само три дена во неделата, ќе ги покријат трошоците и тоа за нив било во ред за почеток. На отворањето на локалот се појавиле повеќе од 100 луѓе од цела поранешна Југославија, а имало и Кинези, кои сега веќе се редовни муштерии.

– Пред локалот постојано беше гужва, продававме сѐ што ќе приготвевме, но имаше и разочарани кои не стигнуваа на време за да бидат услужени.Така започнавме да размислуваме за проширување на просторот, за да има место луѓето да седнат и да бидат послужени со некој специјалитет на скара. Во меѓувреме набавивме вињак, но и ракија од Србија. Сега во поголемиот простор продаваме повеќе од 100 оброци дневно – задоволно раскажува Владимир.

Во шега вели дека нивната предност во работата е што Кинезите обожаваат сѐ што има врска со Југославија.

Овие млади луѓе кои потекнуваат од балканските држави имаат свои професии и се дружат без разлика на тоа кој од која поранешна југословенска држава доаѓа и ни во еден момент не мислеле дека спремањето плескавици сред Шангај може да биде бизнис, но се покажало дека идејата е повеќе од добра.

Прегледи:
529
Објавено на:
12.10.2021