Луѓето родени во летните месеци се поведри, оптимистични и весели, тврдат британските стручњаци.
Тие спровеле голема анкета меѓу неколку илјади испитаници за тоа како се чувствуваат на својот роденден. Резултатите покажале дека личностите родени на 28. јули се најсреќни и „животот секогаш им дава повеќе отколку на останатите.“
Истражувањето покажало дека личностите родени во лето имаат подобро расположение од оние кои роденденот го слават во другите годишни времиња.
Дури 60% од луѓето родени во јуни се радуваат на својот роденден, наспроти 59% од оние кои на свет дошле во јули и 53% од родените во август.