На 20 октомври од 12 до 22 часот, во Домот на културата во Ѓорче Петров ќе бидат изложени керамики, графики и цртежи на Пабло Пикасо.
Во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж се наоѓаат 83 оригинални дела на Пабло Пикасо од кои 8 цртежи, 26 керамики, а другите рачно потпишани графики. Дел од нив ќе бидат изложени на изложбата во Домот на културата во Ѓорче Петров.
Покрај неприкосновената вредност на делата од легендата во уметноста на 20 век – Пабло Пикасо, оваа изложба е од исклучително значење и затоа што се организира по втор пат во Скопје. Единствена изложба на дела од Пикасо од колекцијата на ОСТЕН претходно е организирана во Галерија ОСТЕН во 2011 г.