Категории

Направете вкусна торта од 2 банани која не се пече и готова е за 20 минути! (РЕЦЕПТ)

Освежителна торта која не се пече и за чија подготовка не ви е потребна вештина, а ни време.

Состојки:

  • 200 г кекси
  • 150 г растопен путер
  • 2 банани
  • 40 г пудинг од ванила
  • 75 г шеќер
  • 400 мл млеко
  • 300 мл слатка павлака

Подготовка:

Измелете го кексот, додадете го истопениот путер и со раце замесете го тестото. Од тестото формирајте кора во округлест калап, па ставете ја во замрзнувач 20 минути. За тоа време направете фил: направете пудинг со млеко, оладете го, покријте го со пластична фолија, па ставете го во фрижидер.

За тоа време изматете ја слатката павлака со шеќер. Одвојте 5 до 6 лажици на страна. Оладениот пудинг малку изматете го со миксер, па додадете ја слатката павлака и соединете во финиот крем. Кората од кексот извадете ја од замрзнувачот па преку неа наредете кругчиња од една и пол исечкана банана. Одозгора нанесете крем, израмнете, па одозгора украсете со преостанатите 5-6 лажици слатка павлака. Украсете со останатиот дел од бананата.

Прегледи:
692
Објавено на:
21.10.2021