Категории

Алек Болдвин случајно уби едно лице и го рани режисерот за време на снимање на филм

Алек Болдвин (68)  застрела една жена од пиштол реквизит на снимањето на филм во Ново Мексико.

 

Тој ненамерно ја уби директорката на фотографија Халин Хачинс, а го рани и режисерот Џоел Соуза, соопшто полицијата.

Инцидентот се случил за време на снимањето на филмот „Rust.“

Хачинс починала во болница од здобиените повреди, додека состојбата на 48-годишниот Соуза не е позната. Локалните медиуми објавија дека Болдвин плачел пред канцеларијата на шерифот, при што не успеале да добијат изјава од него.

Прегледи:
593
Објавено на:
22.10.2021