На Tik-Tok често наидуваме на видеа со различни совети. Меѓу другото, за чистење и на куќата и на апаратите за домаќинство.
Сепак, често можеме да најдеме видеа во кои некој пробува некои од триковите на Тик-Ток. Еден корисник го направи токму тоа.
На оваа социјална мрежа, беа споделени ефективни совети за длабоко чистење на машина за перење.
„Живеам во овој стан веќе три години и машината за перење беше таму“, напиша таа во своето видео.
@jojo_con82 Cleaning the washing machine. it looks clean, how wrong was I… #cleantok #washingmachineclean #dishwashertablets #tryit
„Го чистев со средства за чистење и сода бикарбона еднаш месечно. Го видов видеото, со две таблети за машина за миење садови, за длабинско чистење и сакав да пробам, но не очекував многу. Згрешив“, вели таа.
А потоа го покажа резултатот, по само десет минути работа на машината. Сето тоа го снимила и покажала во видео, а потоа заклучила дека ова сигурно почесто ќе го повторува. Се подразбира дека водата во машината стана кафеава.