Категории

Есенски рецепт: Направете вкусни кифлички од тиква!

Вкусни и меки кифлички од тиква!

Состојки:

Тесто:

– 500 г тиква

– 700 г брашно

– 1 коцка квасец

– 1 јајце

– 2 лажици шеќер

– 2 дл млеко

– сол

– 1 прашок за пециво

Премаз:

– 1 жочка со малку млеко

– путер

Подготовка:

Тиквата исчистете ја од семки, не ја лупете кората, само ставете ја во рерна и печете на 180 степени, додека не омекне. Во млако млеко во кое сте додале малку брашно и шеќер, ставете го квасецот да нарасне.

Печената тиква исчистете ја од кората и деловите кои се потемни, па чистата тиква изматете ја.

Оладената или млака тиква помешајте ја со брашно, стасаниот квасец, прашокот за пециво, солта и јајцето. Добро измешајте и оставете да нарасне.

Кога ќе се зголеми двојно тестото, премесете го, па поделете го на четири дела.

Секој дел истегнете го во круг и исечете го ан осум делови. На секој дел ставете парче путер или фил по желба па завиткајте.

Премачкајте со изматено јајце, по желба ставете сусам или ким. Печете во рерна на 180 степени, додека не заруменат.

Добар апетит!

Прегледи:
591
Објавено на:
26.10.2021