Што се менува со возраста кога станува збор за водење љубов? На ова прашање одговори сексологот и автор на многу книги на тема машко-женски односи, Трејси Кокс.
Таа тврди дека жените стануваат подобри љубовнички што повеќе стареат, додека мажите не се грижат за возраста, туку ги привлекува изгледот. Резултатите од ова истражување ги објави и „Дејли меил“ и во него се вели дека мажите навистина не се грижат за возраста на жената и дека тие внимаваат првенствено на изгледот.
Кокс заклучува дека жените стануваат подобри љубовници со возраста затоа што точно знаат што прават, а тоа може да се припише на искуството. Лесно ја преземаат главната улога, не брзаат, гласно кажуваат што сакаат, самоуверени се и не им е непријатно да даваат упатства.
За време на истражувањето, група од 20 анкетирани мажи избрале фотографија од најатрактивната жена. Се испостави дека повеќето од нив избрале жени на четириесет години, изјавувајќи дека таа им е најпривлечна, иако меѓу фотографиите имало слики од многу помлади жени.