Сара Фешн е еден од најпознатите македонски брендови кој е присутен на пазарот цели 22 години и е специјализиран за производство и продажба на чорапи, долна облека, костими за капење и многу други производи. Сара Фешн е бренд кој е изграден со многу љубов, посветеност и истрајност, следејќи ги постојано најновите светски модни трендови.
Постојаното развивање на компаниската стратегија, растот на брендот, вложувањето во маркетинг стратегиите и ширењето на пазарот, допринесуваат за квалитетот и препознатливоста на овој бренд, кој е поразличен од сите останати.
Сара Фешн овие денови ја отвори својата 64та продавница во East Gate Mall.
Од особена значајност за нас е постојаното развивање и неуморното градење на брендот.
И тоа се со една и единствена причина, а тоа се нашите потрошувачи.
Тие се несомнено двигател во извршување на секој наш процес и превземање на секоја акција. Постоиме за нив, растеме за нив, создаваме за нив. Пристапноста на нашиот бренд и квалитетот кој го нудиме, надополнет со постојано градење и вклучување на новитети, со една цел – задоволни купувачи, трае и неуморно се развива.
Па така и на отворањето на Сара Фешн во East Gate Mall, првите наши 64 купувачи добија -50% на цела сметка, а останатите купувачи уживаа во попустите од -20% на што и да одберат од нашите колекции, по повод првите три дена од отворањето на Сара Фешн Мегастор во East Gate Mall. – изјавија од тимот.
На овој голем настан присуствува познати личности, соработници, инфлуенсери и пријатели на компанијата.
Акцииите и попустите кои ги создаваме за нашите потрошувачи освен во нашите продажни места, се достапни и на sarafashion.club – нашата е-продавница која ја градиме и надополнуваме постојано. Може да разгледувате производи, да читате новитети и интересни создржини, да купувате од нашите акциски производи како и од новите колекции, а истовремено можете да најдете и лимитирани колекции кои се достапни само онлајн.
Во моментов во нашите продажни места и онлајн на sarafashion.club е актуелна акцијата Cotton Sale која е создадена од многубројни производи за мажи, жени и деца со супер квалитет и ниски цени достапни за сите.– надополнија од тимот
Новото продажно место на Сара Фешн во East Gate Mall се наоѓа на први кат, а во прилог можете да погледнете како изгледа: