Фудбалската репрезентација на Србија оствари пласман на Мундијалот во Катар со победа во Лисабон над селекцијата на Португалија со резултат од 2:1.
Пред натпреварот во Лисабон, претседателот на Србија, Вучиќ им ветил на фудбалерите дека државата ќе донира милион евра како вид награда за потенцијалната победа над Португалија.
Репрезентативците донеле одлука премијата од милион евра да ја донираат на оние на кои им е најпотребна, на болните деца за нивно лекување.