Толеранцијата честопати погрешно се дефинира како дозвола на постојани различности. Меѓутоа, толеранцијата значи трпеливост, воздржаност од осуда и дискриминација.
Светскиот ден на толеранцијата се обележува од потпишувањето на Декларацијата за принципите на толеранцијата пред точно 25 години. Принципот на трпеливоста има долга историја и денес се подразбира во сите модерни демократии. Сепак, борбата за афирмација на толеранцијата сѐ уште трае.
Секогаш е потешко да се променат постарите луѓе кои одамна ги дефинирале своите ставови, а светот на младите останува. Младите луѓе мора да ја сфатат важноста на толеранцијата, тие треба да шират и пропагираат прифаќање, разбирање, љубов. Не е многу потребно за да се уништат вештачките социјални разлики, потребно е само малку љубов и емпатија за 16-годишното момче со вишок килограми да не се чувствува лошо во своја кожа или пак афроамериканците да не се чувствуваат поинакви бидејќи имаат темна кожа. Ние тоа го можеме.
Различноста не е нужно зло, туку само различност.