Категории

Стар рецепт за туршија без конзерванс: Оваа состојка го продолжува рокот на траење!

Туршијата е природен пробиотик, а придобивките од нејзиното консумирање се многубројни: подобрување на имунитетот, регулирање на крвниот притисок, забрзување на метаболизмот, обновување на цревната микрофлора. За сите оние кои се противници на употребата на конзерванс, ви претставуваме стар рецепт за туршија без конзерванс.

 

Потребно е:

  • 5 кг зеленчук за туршија (краставички; пиперки; морков; зелен домат; карфиол, ситен кромид, или друг зеленчук по желба)
  • 5 литри вода
  • 1 литар оцет 9%
  • 13 супени лажици шеќер
  • 5 супени лажици сол
  • кесичка винобран
  • зачин

Подготовка:

Зеленчукот добро измијте го и исчистете го. Пиперката избушете ја за водата да влезе во неа. Морковот исчистете го, како и кромидот и доматот. Потоа зеленчукот ставете го во буре и налијте го со вода во која е додаден и оцетот, солта, шеќерот и винобранот. Без додавање конзерванс.

Сѐ добро промешајте па притиснете го зеленчукот да биде што подлабоко во вода. Зеленчукот можете да го додавате и накнадо во таа вода, но и вода може да додадете со оцет и зачини. Бурето чувајте го на суво и студено место, далеку од сонце.

Прегледи:
615
Објавено на:
17.11.2021