Долгоочекуваното затемнување на Месечината пристигнува на 19 ноември во форма на изненадувања и неочекувани работи. Еве како да ги искористите моќните афирмации за да се справите со промените што ве очекуваат.
Месечината ги контролира нашите емоции, па нејзиното делумно затемнување на 19 ноември ќе биде катализатор што ќе ги забрза промените во нашите животи. Нè очекуваат изненадувања – неочекувани работи, ненадејни откритија и шокантни информации кои ќе излезат на површина. Ова може да ве исплаши, бидејќи малкумина сакаат промени, особено ако се драстични. Но, ако го гледате ова затемнување како можност да се случат некои добри работи, ќе бидете во подобра позиција да ја искористите неговата моќ.
Бидете сигурни, настаните што се совпаѓаат со затемнувањето на Месечината не се нужно лоши. Тоа е еден од начините за универзумот да ве придвижи побрзо кон позитивните работи што се наменети за вас, а за да го направите тоа, треба да го исчистите нередот што ви стои на патот. Работите ќе се случат многу брзо, но и вашиот напредок, штом затемнувањето ќе ве исфрли од вашата комфорна зона. Земете го затемнувањето на Месечината како знак! Слушајте што ви кажува универзумот и грижете се за себе физички и психички.
За подобро да се подготвите за промените што ги предизвикува делумното затемнување на Месечината, кажете ги овие 10 моќни потврди дневно.
- Јас воспоставувам рамнотежа со тоа што отпуштам се што е негативно и ја отворам вратата на животот за нешто ново
- Избирам да бидам тоа што сум и отфрлам се што не сум
- Се откажувам од она што не ми треба и го прифаќам она што е потребно
- Додека давам, добивам
- Јас сум главниот лик на мојата животна приказна и имам слобода да ја пишувам како што сакам
- Простувањето не е во заборавањето на она што било, туку во прифаќањето на иднината што доаѓа
- Правам се што сакам во вистинско време
- Се ослободувам од се што ме кочи
- Ќе бидам подготвен да се развивам во согласност со промените што животните околности ќе ги бараат од мене
- Кога го следам моето срце, јас сум слободен и свој, подготвен за се што ќе дојде