Категории

Направете вкусен и брз колач со јаболки! (РЕЦЕПТ)

Десерт со јаболки, цимет и рум кој се подготвува за многу кратко време!

Состојки:

  • 4 јаболки
  • 2 јајца
  • 100 г шеќер
  • 60 мл масло
  • 100 мл млеко
  • 1 прашок за пециво
  • 200 г брашно
  • цимет
  • малку рум

Подготовка:

Јаболките исечете ги на тенки кришки, измешајте цимет и малку рум, па ставете во помал плех обложен со хартија за печење.

Останатите состојки изматете ги и прелијте ги преку јаболките. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

Врз готовиот колач наросете шеќер во прав.

Пријатно!

Прегледи:
703
Објавено на:
22.11.2021