Ова утро нѐ пречека уште една трагична вест. Животот го загубија повеќе од 46 луѓе во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма“. Шок, неверување, тага, болка и неизвесност по којзнае кој пат. Нема зборови кои можат да ја опишат тагата за овој немил настан.
На 31 километар од автопатот се случи сообраќајна несреќа со автобус во кој се превезувале 52 лица, при што избувнал пожар. Загинале 46 лица. Оперативно -истражните дејствија сѐ уште траат, но пожарот е поради несреќа. Останатите се пренесени во болница, и нивната состојба не е сериозна.
Во овие најтешки моменти, нашите мисли се со семејствата на загинатите, надевајќи се дека ќе успеат да најдат утеха и одговори за настанувањето на оваа страшна трагедија.