Автобуската несреќа во која загинаа 45 македонски државјани во Бугарија е најголема во последните 10 години во Европа.
Ова се останатите најстрашни автобуски несреќи во последниве 10 години.
2019.
Португалија: Најмалку 29 германски туристи погинаа во автобуска несреќа со педесет луѓе на португалскиот остров Мадеири.
Русија: Автобус со четириесетина патници падна во замрзната река во регијата Забајкалск во Сибир при што загинаа 19 луѓе, а повредени беа 21.
2018.
Турција: Најмалку 17 луѓе загинаа, а 36 беа повредени на истокот од Турција во несреќа со преполн мини бус кој од Иран превезувал илегални мигранти од Иран, Афганистан и Пакистан.
Бугарија: Автобус со туристи се излизга од патот за време на силен дожд и падна во реката Искар. Загинаа 20 луѓе, а дваесетина беа повредени. Патниците се враќале од посета на еден манастир.
2017.
Италија: Унгарски автобус кој превезувал тинејџери се запалил откако удрил во мост на изледување од автопат кај Верона. Загинале 16 луѓе.
Турција: Најмалку 23 луѓе загинале, а 11 биле тешко повредени на планинското подрачје во близина на летувалиштето Мармарис кога автобусот излетал и паднал на друго возило 15 метри пониско.
Германија: 18 луѓе загинале, а 30 биле повредени на автопатот кај Muechberg на југ од земјата, кога во прометна гужва возачот се залетал во камионот кој се наоѓал пред него и автобусот се запалил.
Русија: Најмалку 17 луѓе загинале кога автобусот кој превезувал градежни работници паднал во Црно море со висина од неколку метри.
Истата година, воз налетал на автобус на железничкиот премин стотина километри источно од Москва. Загинале 16 луѓе.
2015.
Франција: 43 луѓе загинале при фронтален судар на камион кој превезувал трупци и автобус кој превезувал пензионери. Двете возила се запалиле, а патниците изгореле заробени во нив.
2014.
Турција: 21 личност загинала, а 26 биле повредени кога автобусот излетал на линијата Истанбул-Кајсери.
2013.
Црна Гора: 16 луѓе загинале, а 31 бил повреден при пад на автобус во провалија, на планинска улица триесетина километри северно од Подгорица.
Русија: Во судар на камион и автобус кај Москва погинале најмалку 18 луѓе.
2012.
Швајцарија: 28 луѓе, меѓу кои и 22 ученици од Белгија, загинале во авробуската несреќа при што автобусот удрил во ѕид од тунел.
2011.
Турција: Во сударот на камионот со минибус во покраината Diyarbakir загинале 25 луѓе, поголемиот број студенти.