Категории

Најдобрата планинарска опрема со супер Black Friday цени во Scout Outdoor Shop!

Брзото темпо на живот во урбаното секојдневие сѐ повеќе придонесува кон тоа да го користиме секој слободен момент за уживање во природата и чистиот воздух. Планината претставува совршено место за рекреација и полнење со позитивна енергија, а љубовта кон неа откако ќе се роди, не исчезнува.

Без разлика дали уживате во убавините на планините рекреативно, кампувате или пак професионално се занимавате со планинарење и спортско качување, потребна ви е соодветна опрема која ќе ви обезбеди сигурност, удобност и уживање во активностите.

При планинарење неопходно е да се нагласи важната улога на заштитната опрема која е исклучително важна поради непредвидливите временски услови, особено во зимскиот период. За да се задржи удобноста потребна е квалитетна опрема која ќе создаде изолациски слој од воздух до вашата кожа дури и во услови на силен ветар, дождови и студ.

Специјализираната продавница Scout outdoor shop располага со најголем асортиман на секаков вид на аутдор опрема од врвни светски брендови.

Тука ќе ги најдете најсовремените и најквалитетни модели на јакни, техничка облека и обувки и друга планинарска опрема од брендовите CMP, Regatta, Salewa, Jack Wolfskin, Millet за максимален комфор и заштита при вашата следна планинска авантура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ScoutOutdoorShop (@scoutoutdoorshop)


Од 25. ноември ве очекува Black Friday warm up акцијата каде што производите ќе бидат со намалени цени до -40%.

Ова е одлична можност да се почестите себеси или да одберете подарок за некој кој знаете дека ужива во овие активности!

Посетете ги во продажниот салон на Ул. Кирил и Методиј бр.20 или пак изберете сѐ што ви е потребно за уживање во планинските активности онлајн на www.scout.mk.

Врвен квалитет, заштита и функционалност е она што е загарантирано.

Се гледаме на планина!