Категории

Во недела трчаме заедно: Атлетскиот клуб „Korruners“ кажува НЕ на насилството врз жените

АК „Korruners“ како општествено одговорен клуб, по втор пат се приклучува кон кампањата 16 Дена активизам против насилство врз жените и девојчињата и повикува на нулта толеранција за насилството.

Клубот ја промовира идејата за родовата еднаквост и ги поддржува жените и девојките да бидат слободни од било какво вознемирување и насилство и активно да учествуваат во спортот, особено во трчањето.
Да градиме спортски дух со еднаква почит кон сите! По тој повод дојдете да трчаме заеднички лонг ран во недела.
Носете портокалов детаљ како знак на поддршка на кампањата. Да го обоиме Кејот во портокалова боја!
Локација: Жабар, 28/11 недела, 09:00 часот