Категории

Рецепт на денот: Вкусен и здрав леб од тиква!

Вкусен леб од тиква во кој со сигурност ќе уживате!

 

Состојки:

400 г пченично брашно

400 г шеќер

400 г пире од тиква

1 лажичка сода бикарбона

пола лажичка прашок за пециво

1 лажичка цимет

1 лажичка мелено мускатно оревче

2 големи јајца

100 г путер

Подготовка:

Пирето од тиква се прави така што најпрво треба да ја преполовите тиквата. Исчистете ја средината од семки, па ставете ја рерна на 200 степени додека не омекне.

Кога ќе се олади тиквата, лесно ќе ја отстраните лушпата. Со миксер исчистената тиква претворете ја во пире. Помешајте сол, брашно, сода, прашок за пециво и зачини, па ставете ја смесата на страна.

Во голем сад со миксер измешајте го путерот и шеќерот. Додавајте едно по едно јајце, а потоа и пирето од тиква. Сето тоа добро измешајте го со миксер на појака брзина. Додадете ги сувите состојки, па промешајте.

Префрлете ја смесата во калап кој претходно сте го намачкале со масло и сте го наросиле со брашно и печете околу 65 минути на 180 степени.

Проверете со чечкалица дали е печен, а потоа извадете го и оставете да се олади во калапот 10 минути, а потоа извадете го од калапот.

Добар апетит!

Прегледи:
585
Објавено на:
29.11.2021