Категории

Критиката одзема енергија, пофалбата дава сила

Еден психолог смислил експеримент: почнал да ги фали уморните деца. А потоа ја измерил нивната енергија на специјален уред: ергограф.

По пофалбите се случила експлозија од енергија и заморот исчезнал. Но, кога на децата ќе им се упатела критика, навредлив збор, енергијата нагло би паднала. По критиката детето било уморно и слабо ги извршувало задачите.

Тоа е така бидејќи нема корист од критиките, „Ти споро работиш! Ти лошо го напиша ова! Ти зготви невкусно јадење! Ти си премногу дебел!“ – да, многу лесно може да се изговори критика и да му се украде енергијата на човекот. Да го направиш уморен и разочаран. Опустоштен.

Мудриот Френклин напишал: ако сакате да стекнете непријатели – одете и критикувајте ги сите. Сите ќе почнат да ве избегнуваат. Бидејќи секогаш ќе го паметат чувството на пад на енергија кое останало по разговорот со вас. Како силата да сте му ја одземале на човекот.

Ако сакате да се дружите со луѓето и да им помогнете да бидат подобри – пофалете ги. Секогаш може да се најде нешто за пофалба. И заедно да се поправи она што може и треба да се исправи. Човекот ќе почувствував наплив на сила, ќе памти како сте му дале енергија – и ќе се развие најдобар и најкорисен однос.

Критиката ја одзема енергијата. Пофалбата – додава сила.

И секако, ние ќе останеме со оние кои ни даваат сила. Кои не нѐ крадат, како разбојник на пат. И паметните професионални критичари знаат дека во критичката анализа е важно да се истакне и што успеал да направи авторот. А потоа да се истакне она што не успеал да го направи. И задолжително да изразат надеж дека во следните трудови авторот може да биде и многу подобар од претходно.

Така нас самонаречените „критичари“ едноставно не лишуваат од животната сила. Можеби ја земаат за себе? – тоа психологот не го предвидел и не проверил со инструментот.

Хуманите луѓе секогаш ќе најдат нешто за пофалба. И ќе предизвикаат наплив на сила, радост и добро расположение.

 

 

Анна Кирјанова

Прегледи:
765
Објавено на:
29.11.2021