Францускиот институт во Скопје, во соработка со Младинскиот културен центар и со поддршката на Зегин, организира гала филмска вечер со премиерата на „Франс“ (2021) на Бруно Димон, со Леа Сејду, Бланш Гарден, Бенжамен Бјоле, в среда, 1 декември 2021, со почеток во 20 часот, во кино „Милениум“.
„Франс“ е портрет на младата Франс, жена, а воедно и телевизиска новинарка, Французинка која му припаѓа на цел еден изграден систем, оној на медиумите.
Настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.
Филмот е со превод на македонски јазик.
За да присуствувате на гала филмската вечер, ве молиме да резервирате бесплатни билети на следната мејл адреса: [email protected]
Проекцијата ќе се одржи во согласност со здравствените Ковид протоколи.
Критики за филмот во француските медиуми:
„Бруно Димон и’ подарува можност за одлична филмска улога на Леа Сејду, жена уништена од светот на медиумите во којшто таа самата се затворила.“ (Le Monde)
„Комплексниот приод на Димон умее на еден неприкосновен начин да ги прикаже убавината, светлината и чистотата онаму каде се најпотребни.“ (Les Inrockuptibles)
„Со филмот „Франс“, Бруно Димон реализира една остра и виртуозно направена сатира на денешниот свет преку ликот на популарна новинарка на канал за вести, во маестрална изведба на Леа Сејду.“ (La Croix)