Моџо Килингтон, по стихозбирката „Аутопсија на љубовта“ (2019) и романот „Денот кога не се разбудив“ (2020), двата во издание на „Арс Ламина“.
Главниот протагонист во „Уништување“ е четириесет и двегодишниот доктор Јан Рајсберг, сопруг на Марија, татко на Лотар и Ана, кој еден ден дава отказ. Се гледа во огледалото во тоалетот на еден бар и се прашува: „Кој сум јас?“ Тагата повеќе сликала на неговото лице, а се чини дека среќата не ја ни допрела четката… Изгледаше… Поинаков. Тоа не беше човекот кој го знаеше. Ниту човек кој сака да го запознае. Тоа беше маска на еден минат живот на кој му стави крај кога уринираше врз фикусот на директорот на клиниката. Првата вечер кога се почувствува слободен, ја поминува во ќелија во полициската станица каде што запознава млада девојка. Следуваат ноќи исполнети со забави, алкохол, дрога и секс…
На колку сè начини можеме да си го уништиме животот, заслужуваме ли втора шанса и можеме ли да избегаме од себеси, се само некои од прашањата со кои Моџо Килингтон се занимава во овој емотивен, брутално соголен, интензивен и во филмски манир напишан роман.
Моџо Килингтон е писател, сценарист, активист на социјалните мрежи. Препознатлив е по популарната македонска комична телевизиска емисија „Фчерашни новости“. Работи како сценарист на серијата „Преспав“ и ја води рубриката (Не)реално со Моџо Килингтон, во рамките на политичкиот магазин „Трилинг“ на Телевизија 24.
Романот „Уништување“ веќе е достапен во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.