Категории

Ова е докторот кој живеел и работел за сиромашните: Машали бил вистински светец на земјата!

Во 2020. година почина Мухамед Машали , познат како докторот на сиромашните. Иако тој повеќе не е меѓу нас, за неговата хуманост и неверојатни дела сѐ уште се зборува.

Овој египетски доктор пет децении бесплатно ги лекувал сиромашните, без разлика на нивната вероисповед. Помагал секому подеднакво – и на муслиманите и на христијаните. И не само што ги лекувал бесплатно во својата скромна ординација, туку честопати им подарувал и пари. Секојдневно пред неговата амбуланта имало колона од луѓе, во која поминувал по 10 часа дневно.

Докторот Мухамед Машали никогаш немал автомобил, ниту пак телефон. Пешки одел од дома до ординацијата.

Кога еден богат човек дознал за неговата приказна, му дал 20.000 долари, кола и му понудил да се пресели, но една година подоцна човекот дознал дека докторот го продал дури и автомобилот за да им помогне на сиромашните пациенти како и за купување на медицинска опрема.

Кога дипломирал на Медицинскиот факултет во Каиро во 1967. година, објаснил зошто сака да се жртвува за доброто на другите.

„Мојот татко го жртвуваше својот живот за јас да станам доктор. Тогаш му ветив на Господ дека нема да земам ниту една паричка од сиромашните и дека ќе живеам во служба на луѓето без разлика на која култура или вероисповед припаѓаат“, рекол доктор Машали.

Докторе Машали, нека ви е вечна славата.

Прегледи:
517
Објавено на:
02.12.2021