Категории

Не ме плаши осаменоста, туку самотијата во полна куќа…

Одамна напишав дека Бадник е огледало на нашиот живот. Сѐ што имаш оваа вечер го имаш најсилно и сѐ што немаш оваа вечер најстрашно го немаш. Си мислев, можеби тоа е така бидејќи во нашите мали места продавниците затвораат околу 18:00 часот, па луѓето веќе немаат каде да побегнат од себе.

Си мислев, можеби е тоа така затоа што оваа вечер станува јасно кој е кому план А. Сите планови Б оваа вечер остануваат сами, гледаат во телефонот и чекаат нешто што можеби никогаш нема да се случи.

Сепак, постои и полошо сценарио од осаменоста на Бадник.

Страв од празен стан, самотија и осаменост на бадник не се ништо во споредба со сфаќањето дека животот го поминуваме со погрешна личност. Тоа е така бидејќи во нашите мали места луѓето не се разведуваат. Кога еднаш ќе го потпишеш тој документ, нема назад. Како да е потполно сеедно дали сте потпишале смртна пресуда во која секоја ноќ ќе плачете во перницата или ќе добиете најдобар маж на светот.

На малиот универзум околу нас му е сеедно дали си ти среќна и сакана. Малиот универзум околу нас твојот крик за љубов и внимание, твојата потрага за среќа ја смета за претерување. Нашиот мал универзум никогаш нема да дозоволи да побараш некој друг пат или некој друг начин за да се смееш и радуваш. Ако еднаш погрешиш, готово е. Твојата грешка ќе трае додека не те изедат црви под каменот на кој стои неговото презиме.

Сѐ уште се сеќавам кога овде една непозната жена ми напиша – Не сум сама, само сум со човек кого го нема. Кој бега од мене. Толку многу не ме сака што не му е потребна друга жена за да отиде од мене, секоја вечер. Толку многу не ме сака што секој знак на внимание од него за мене е доживување за кое се фалам пред пријателките. Сѐ што имаат среќните жени секој ден, јас добивам еднаш годишно. И тогаш летам од среќа.

Има полоши сценарија од самотија на Бадник. Тоа сценарио се вика напуштеност во полна куќа. Затоа, оваа година ви посакувам да се сакате себе најмногу. Лесно да го напуштите оној кој ве напушта секоја вечер. Да се сакате себеси толку многу што ќе ставите крај на секој потпис, секоја смртна пресуда, секој мал универзум. Утре е веќе доцна. Утре веќе можат да ве изедат црви под плоча со презимето на човекот кој ве правел несреќна.

 

 

 

Marina Radoš

Прегледи:
539
Објавено на:
02.12.2021