Категории

Бојан Ристовски: Moeто искуство и совети за Upwork. Како до успешно станување фриленсер на оваа платформа?

Поминаа скоро 2 години. Некои од нас уште се прилагодуваат на новонастанатата ситуација, но мислам дека сите кои го читате ова имавте прилика некое време да работите на далечина или популарно кажано remote. 

Иако може ви недостига  опуштениот разговор или дружењата после работното време со колегите, мислам дека сите мора да признаеме дека добро ни дојде  работата од дома. Можноста сами да си го  организирате времето како што на вас ви одговара и самата слобода да работите од било каде, сигурно барем еднаш ве  натерала  да размислите  дали можете да работите на овој начин засекогаш

Ако си дел од тие луѓе во овој текст ќе дознаеш кои се трите начини да работиш а да не си обврзан со време и место:

  1. Најдете компанија каде што сите или голем дел од луѓето работат на далечина 
  2. Предложете на работното место да работите на далечина неколку дена во неделата или кога ќе посакате како што тоа го прават сега вработените во најголемите технолошки гиганти како Twitter и Netflix.  
  3. Третиот начин и наличинот на кои кој ќе се фокусираме во овој блог е да станете Freelancer односно сами или со помош на платформи како Upwork да барете клиенти кои имаат некој проблем кој вие можете да им го решите 

 Пред некој ден на оваа тема дискутиравме и со Милан млад графички дизајнер кој сака да биде успешен freelancer. После многу саати поминати во истражуање на темава но и дискусии со поуспешни и поискусни луѓе од мене му дадов неколку совети  кои ги имам применето сам и на својот профил  кои истотака може да ви помогнат на вас.

1. Кои се основите на пополнување на мојот профил на Upwork?

Кога се регистрираш на Upwork, прво треба да го оптимизираш профилот. 

Тука треба на најдобар начин да се претставиш себеси на начин кој најдобро ќе ги отсликува твоето знаење и ускуство во одредената област .

Тоа значи :

  • Професионална фотографија. Бидете насмеани. Групните слики и селфиња оставете ги за друга прилика.
  • Личен опис кој на надобар начин го искажува твоето знаење и искуство и како баш ти  можеш  да им го решиш проблемот и користи многу релеватни термини за твојата сфера (keywords) како име на софтвер или техногија која ја користиш .
  • Наведете ги  вашите топ 4 – 5 вештини, образование,сертификатите кои ги имаш добиено итн. 

 2. Што е hourly-rate на профилот? Што доколку на пример, логото од 500 долари е изработено за 1 саат? Доста често добивам прашања од овој карактер, мојот совет е:

Истражи ја конкуренцијата. Кога ќе пребараш таков тип на дизајни за кои ти се се специјализираш кои луѓе ќе ти излезат и колку наплаќаат на саат. Немој да се споредуваш со луѓе што имаат еден тон искуство на платформата туку со луѓе кои имаат слично искуство и вештини како тебе.Саатницата, или per hour е поставено со цел клиентите да знаат колку наплаќате. Ова е особено важно доколку клиентите се решат да ве вработат на голем проект.

На тебе ти требаат клиенти кои ќе ја видат вредноста во тоа што го работиш а не луѓе кои ќе се ценкаат со тебе. 

3. Кај да се фокусирам на почеток? Кај кои клиенти имам повеќе шанси?

Повторно, постојано треба да истражуваш. Со тоа ќе завршиш 80 проценти од работата. Прво, истражете за побарувачката во вашата област или во областа во која сакате да работите. Внимавајте да не работите нешто по секоја цена само бидејќи е барано.Мене ми се случи како дигитален маркетер да сфатам дека работа со Google Ads не ми прилега, а имав солидна понуда за работа. Аплицирај само на огласите  кои се најнови и кои имаат измеѓу 5 до 20 понуди.Во понудата фокусирај се на тоа кои се проблемите на клиентот и зошто сте вие тие што треба да ги реши. Така ќе имате најмногу шанси да ги придобиете.

Пораката која ќе ја испратиш со твојата предлог понуда треба да изгледа вака:

  • Краток вовед за вас, вашата експертиза и понудена вредност.
  • Неколку совети од вашето искуство кои би можеле да му помогнат  на клиентот во решавањето на неговиот проблем.
  • Го повикувате клиентот на краток разговор со цел подетално да разговарате за вашиот предлог.

4. Дали помага да имам 2 специјализации?

Специјализација секогаш помага. Никој не може да биде најдобар во се. Специјализацијата помага да бидете препознатливи кај клиентите но, и полесно да ве најдат ако некој клиент бара нешто специфично. Одбери го тоа што најмногу го знаеш,и најди ја твојата ниша во одреденото поле.

5. Каде да додадам портфолио како на Linkedin, или тоа се случува само во proposal? 

На самиот профил имаш дел каде што можеш да си ги прикачиш  проектите на кои си работел претходно. Доколку си работел и претходно надвор од Upwork, дополнително можеш да побараш и препорака од минатите клиенти.Тие препораки  ќе бидат изложени на твојот профил и ќе бидат дополнителен доказ за твоето знаење и искуство . Дополнително би  препорачал во самиот предлог кој ќе му го напишете на клиентот  да прикачите или да линкувате специфични и слични  проекти кои ќе бидат релевантни за решавање на неговиот проблем..

6. Имам сертификати од некои курсеви и диплома од академија? Дали вреди да ги скенирам и ставам?

Да! Можеш да си ги поставиш во полето за сертификати.За разлика од минатите години кога Upwork признаваше само одредени серфитикати сега можеш да додадеш и сертификати кои не се дел од нивниот каталог на признати сертификати.Ова најмногу ќе ти помогне да се издвоите на самата платформа 

7. Што е Project Catalog и дали клиентите можат да го купат?

Во Project Catalog ги нудите вашите услуги. На пример, доколку си графички дизајнер, можете да ги  наведете сите услуѓи кои ги нудите. Ова ќе им помогне на потенцијалните клиенти одма да  можат да ги купат вашите  кога ќе го посетат твојот профил.

8. Во врска со connects, сакав да аплицирам на некоја работа и ме чинеше 4. Па што во врска со нив? Се надополнуваат секој месец? 

Добиваш одреден број конекти секој месец.Секое аплицирање на проект  те чини неколку конекти. Кога ќе се потрошат не можете да аплицирате освен ако не доплатите за Upwork Plus или за самите конекти. Значи тоа е еден вид валута на платформата.

За крај од лично искуство можам да ви кажам, ќе бидат бескорисни сите овие совети ако бар еден до два часа во денот не седнеме и не ги примениме сите совети кои ги научивме во овој блог 

Земете го првиот чекор! Ако имате дополнителни прашања или сугестии може да ме додадете на мојот LinkedIn профил каде редовно споделувам интересни факти и совети.

 

Aвтор: Бојан Ристовски

Текстот е преземен од: impactfoundation.mk

Прегледи:
768
Објавено на:
02.12.2021