Категории

Ако ви е љубовта на прво место, а не егото – зошто останувате таму каде што нема љубов?

Егото никогаш не сум го забележувала во својот карактер. Себеси се доживував како некој кој е вечно во потрага по љубов и внимание, со его на петнаесетто место и остро ги осудував сите оние кои со гордост го ставаа пред љубовта.

Ќе ви раскажам.

Во една љубов вложив денови, месеци и години. Грчевито навивав за него да биде тој, бидејќи јас сум го одбрала и препознала. (Јас така реков, јас така мислев, нема врска што тоа нема врска со вистината. Додека се мувавме, мислев дека еден ден ќе биде доволно да е тука, а размислувањето за било што поголемо се чинеше потполно нескромно. Сепак, јас сум таа чии цитати за љубовта се споделуваат на интернет, па би требала да се придржувам на тоа. Заврши бидејќи се изморив.

Тоа утро кога го однесе ѓаволот седев сама на кафе и се чувствував како да сум изгубила натпревар на пенали. Натпревар во финале, за кој сум се подготвувала сите овие години од својата кариера. Ми се чинеше дека љубовта изгуби, па со самото тоа, логично, во главата ми помина онаа мисла на Балашевиќ „љубовта не победува…“ „Drama queen“ во мојата глава речиси заплака. Мојата пријателка Дијана е како психолог, оној најлош, кој во лице ти ја кажува бруталната вистина за твојот живот и која ја мразиш сѐ додека не сфатиш дека била во право.

„Ти тој човек воопшто не го сакаш. Само имаш еден голем проблем – си вложила денови, месеци и години во нешто што пропаднало и сега грчевито се бориш тоа да успее за да не испаднеш глупава во своите очи. Не те мачи љубовта, туку егото“, ми рече пред да запали цигара. Седевме во локал во Париз, па оваа реченица делуваше многу подраматично отколку да ја изговореше во Дувно, на пример.

Да се биде паметен и да не те сакаат е многу подобра опција од таа да си глупав и да не те сакаат. И тоа е одговорот. Да не нѐ мачи егото и деновите, месеците и годините кои сме ги вложиле во пропадната инвестиција би било полесно да заминеме порано. Да не ја спасуваме врската како пропадната фирма, би било полесно да заминеме порано и да започнеме нова приказна. Да ни е љубовта на прво место, а не егото, би отишле од местото во кое не постои љубов и би започнале потрага по нова љубов. Тоа е толку едноставно. Доколку престанеме пречесто да му измислуваме доблести, би било полесно да признаеме дека тоа не е љубов. Доколку помалку би ги лажеле своите пријателки и ги оправдуваме неговите постапки, би било полесно да признаеме дека тоа не е љубов. Доколку помалку би го хранеле своето его, повеќе би ја хранеле љубовта.

Тогаш сфатив дека доколку би сакала да се убијам, би требала да скокнам од висина на своето его и волјата да ја спасувам пропаднатата инвестиција. Љубовта е нешто сосема друго. Невозможно е да ја поразите и таа нема да ги проголта вашите денови, месеци и години. Тоа не е натпревар, ни кариера, ни инвестиција. Ни его. И секогаш ќе победи.

 

 

Марина Радош

Прегледи:
602
Објавено на:
03.12.2021