Категории

Тетката е најдобра пријателка и дар од Бога за секое дете

Мајката е мајка, но тетката е нешто посебно!

Првата голема улога на тетката почнува од оној ден кога бебето на својата сестра или брат ќе биде донесено од породилиштето. Од тој миг се раѓа вечна љубов, магична и посебна. Не постои по горда личност од тетката додека во прегратки го држи својот внук и внука.

Да игра со него, да го подучува, да го смее и да биде негова играчка кога сака да и црта мустаќи или да и прави фризури на нејзината коса, тетката е бесценет дар за секое дете.

Радоста и довербата која децата ја чувствуваат спрема својата тетка е незаменлива. Таа е добрата вила која секогаш ги знае сите детски тајни во секоја доба и возраст.
Сите тетки велат дека кога нивната сестра или брат ќе добијат дете, нивниот живот се менува комплетно.

Тетките се посебни затоа што „не тренираат строгост“
Магијата на овој прекрасен однос започнува од раѓањето на детето и трае засекогаш. кога ќе дознае дека станала тетка, тоа е ден за славење. Таа во себе гаи толкава љубов што е невозможно да биде потрошена. Тетките „не тренираат строгост“, не се обидуваат да бидат авторитет како мајките. Тие никогаш не се лутат кога нивниот внук или внука нешто ќе згреши.

Тетките се посебни затоа што се секогаш КУЛ
Бидејќи немаат одговорост како родителите, тетките можат без проблем да ја изразуваат својата детска страна. Тие се забавуваат бескрајно, се претвораат во деца кога играат со своите внуци.
Кога детето ќе порасне и ќе стигне во пубертет, тетката станува вистинска поткрепа и пријател во животот на детето која секогаш му дава вистински совети.
Нејзната љубов е неизмерна и таа е искрен пријател кој секогаш е тука како поддршка во се.
Затоа тетката се сака бескрајно!

Прегледи:
735
Објавено на:
08.12.2021