Едноставен и вкусен десерт!
Состојки:
– 2 јајца
– 200 мл јогурт
– 160 мл масло
– 1 чаша од 180 мл шеќер
– 2 чаши од 180 мл брашно
– 2 ванилини шеќери
– 1 прашок за пециво
– 100 г чоколадо за готвење
– 300 г вишни
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете јогурт и масло. Брашното помешајте го со прашокот за пециво, па соединете го со изматената смеса. Чоколадото за готвење искршете го на коцки, па потоа измешајте го во смесата. Додадете 2/3 од вишните од кои претходно сте го исцедиле сокот и сте ставиле лажица шеќер. Смесата ставете ја во калапите. На секој мафин пред печење втиснете по неколку вишни.
Печете околу 20 минути на 200 степени.
Пријатно!