Со помош на антитела од ној, креирале заштита на маските кои светат во мрак под ултравиолетово светло.
Маските за лице станаа задолжителни во многу земји во светот, така што веројатно беше само прашање на време кога некој ќе создаде „паметна“ верзија од истите.
Имено, Јапонските научници објавија дека со помош на антитела од ној креирале заштитна маска која свети под ултравиолетова светлина, па на овој начин може да се потврди дали е личноста заразена со корона вирус.
Филтерите се обложени со антитела од ној
Базирано врз претходните истражувања кои покажаа дека овие птици се многу отпорни на болеста. Поради тоа, јапонските научници одлучиле филтерите кои се наоѓаат на маските да ги обложат со антитела од ној. На овој начин, помагаат во откривањето на личностите инфицирани со корона вирус.
Како што велат, на ноевите најпрво им вбризгале неактивен, безопасен облик на корона вирус. Потоа извршиле екстракција на антитела на специјален филтер поставен во внатрешниот дел на маската.
Во случај личноста да е заразена, филтерот ќе почне да свети под УВ светлина.
Идејата вродила со плод
Во едно мало истражување учествувале 32 заразени личности кои се набљудувани 10 денови. Тие носеле маски. По осум часа носење, филтрите се отстранети и испрскани со хемикалија која во допир со УВ светлина и вирусот почнува да свети.
Филтерите кои ги носеле личности заразени со корона вирус светеле во пределот на носот и устата. Дијагнозата била потврдена по стандардната процедура.
Цукамото е редовен професор на ветеринарниот факултет и со години ги проучува ноевите. Тој бара начин на кој нивниот имунитет може да помогне во борбата против птичјиот грип, алергиите и останати болести.
Како што вели, се надева дека во понатамошните истражувања ќе успее да тестира поголем број луѓе и да направи маски кои би светеле без употреба на УВ зрачење и хемикалии.