Ќе уживате во процесот на подготовка и во совршениот вкус.
Состојки:
165 г мед
60 г шеќер во прав
250 г маргарин или путер
1 јајце
1 прашок за пециво
околу 550 г брашно
малку цимет по желба.
Кралска глазура:
1 белка
230- 250 г шеќер
Подготовка:
На медот додадете шеќер и мешајте додека шеќерот не се стопи, па додадете го маргаринот и повторно мешајте, не мора да се соедини комплетно, само да нема големи грутки, па додадете го и јајцето и повторно мешајте, па додадете половина од предвиденото брашно, цимет и повторно мешајте, па прашокот за пециво и речиси целата количина од брашното.
Кога ќе го замесите треба да биде меко и речиси лепливо. Замотајте го во фолија и ставете во фрижидер барем еден час.