Категории

Ве мачи несоница – 3 ритуали како да заспиете веднаш

Поради бројните обврски и стресниот начин на живот, сè поголем број луѓе страдаат од несоница или лош сон. Кога сонот не ви паѓа на ум, не заборавајте да пробате еден од овие три едноставни ритуали …

На крајот од денот исполнет со физички и ментални активности и обврски, телото може да биде уморно додека умот продолжува да талка не дозволувајќи ни брзо да заспиеме. Во тој случај, додека лежите во кревет, пробајте некои од овие смирувачки ритуали:

1. Наведете најмалку 10 работи за кои сте благодарни во денот зад вас.

2. Смислете лична мантра и кажете ја гласно или на себе додека не заспиете.

3. Визуелизирајте како се заземјувате преку вашите стапала, поврзувајќи се со земјата под вас што ве лекува и релаксира.

Прегледи:
421
Објавено на:
26.12.2021