Категории

Неверојатна глетка во Египет: Снежна покривка над Каиро и Александрија, некои граѓани прв пат гледаат снег

Снегот во Египет ги изненади жителите, а некои од нив имаа можност за прв пат да уживаат во снежната покривка над Каиро и Александрија.

Улиците, градините и куќите се прекриени со снег откако се спуштија температурите на Медитеранот.

Поради невообичаените временски услови во овој дел од светот, управата на Александирија морала да донесе одлука за привремено затворање на пристаништето.

Портпаролот Ахмед Берек изјавил дека оваа одлука е донесена поради безбедност на бродовите на пристаништето и безбедноста на поединците и имотите.

Прегледи:
495
Објавено на:
27.12.2021