Џенифер Лопез (52) најчесто имаме можност да ја гледаме потполно средена, со комплетна шминка. Поп дивата, како и поголемиот дел од познатите личности, честопати е критикувана дека ги средува своите фотографии во фотошоп.
Сега имаме можност да видиме како навистина изгледа, без дополнително разубавување.
Имено, таа снимила едно видео во кое се појавила потполно без шминка во опуштено издание. Коментарите за кратко време започнале да се редат.
#MerryChristmasEve to my #JLovers!!!! I love you all! What are you doing today??!? 😗😗😗❤️❤️❤️ pic.twitter.com/mNrNQt5Uh6
— jlo (@JLo) December 24, 2021
Публиката била поделена, додека едните ја фалеле поради храброста да се појави во потполно природно издание пред милиони луѓе, други велат дека сепак на фотографиите изгледа многу поразлично.
Она што е сигурно е фактот дека Џенифер Лопез изгледа многу негувано и одлично за нејзините години.