Категории

Во Новата година сакам… Сакам едноставен живот!

Во Новата година сакам што почесто да ми биде пријатно.


Она чувство кога сѐ е таман.
Мирно.
Фино.
Бидејќи тоа значи дека сите сме здрави и на број, дека се чувствувам добро, имам доволно пари за нормален живот и немам поголеми проблеми.
Што повеќе можам да посакам.
Немам веќе желба да патувам на безброј дестинации, да купувам најразлични облеки, да излегувам постојано, да запознавам нови луѓе, да живеам во трка со времето.
Само мирен, нормален живот.
Средена кујна.
Убава книга.
Кафе со другарките.
Семеен ручек.
Миризлива постелнина.
Убава музика.
Мирзлива свеќа.
Колач со вишни.
Удобна фотелја.
Прошетка покрај река.
Некој би рекол – ме прегазиле годините.
Јас велам – доста ми е лудило.

 

 

За моја душа

Прегледи:
458
Објавено на:
27.12.2021