Категории

Ова се најубавите љубовни цитати од познатите филмови!

Романтичните филмови се посебен вид на уметнички дела која изобилуваат со сцени кои се паметат долго. Љубовта не треба само да се почувствува, туку и да се изјави. Ова се некои од најубавите љубовни изјави на големото платно.

 

1. Тетратка (Notebook)

„Јас сум како и секој друг маж, човек со едноставни желби и размислувања, кој живее сосема обичен живот. Никој не ми посветил споменик, песна или приказна, и верувам дека моето име ќе биде заборавено набргу откако што ќе го напуштам овој свет. Но, во овој обичен живот успеав да добијам почитување и љубов од најубавата личност која некогаш живеела на земјата. Жената која ја сакав со целото срце и тоа ми беше доволно за цел живот.“

2. Кога Хари ја сретна Сали (When Harry Met Sally)

„Сакам кога ти е студено, а надвор е 25 степени. Сакам што ти е потребно час и пол да избереш каков сендвич да направиш. Ги сакам тие мали брчки кои се појавиле на твоето лице. Сакам што откако ќе си отидеш на мојот дуксер можам да го почувствувам твојот мирис со часови. Денови. Сакам што си последната личност која ќе ја повикам ако сакам некој да ме смири и успие. И дојдов не поради осаменост, ниту поради Нова година. Дојдов бидејќи кога ќе сфатиш дека со некого сакаш да го поминеш остатокот од животот, сакаш тоа да биде веднаш.“

3. Под туѓо влијание (Persuasion)

„И даде име на мојата душа. На момент сум во агонија, на момент сум полн со надеж. Те молам кажи ми дека не закаснив и дека овие драгоцени емоции се взаемни. Ти се нудам повторно, давајќи ти го своето срце сега уште повеќе од претходно кога за малку ќе го уништеше, пред осум и пол години. И немој да ми кажеш дека сум те заборавил и дека ние мажите забораваме полесно и побргу од вас жените. Те сакам само тебе. Отсекогаш било така.“

4. Џери Мегваер (Jerry Maguire)

„Ти ме исполнуваш. Правиш да бидам цел.“

5. Големиот Гетсби (The Great Gatsby)

„Тој знаеше дека по бакнежот со таа девојка, ќе одбие да ја бакне било која друга и дека тој бакнеж ќе биде врежан вечно во неговата свест. Затоа застана, само на момент зема воздух малку подолго пред да ги спои усните со нејзините. А потоа ја бакна. Кога неговите усни ги допреа нејзините меки усни во форма на ливчиња од ружа, соединувањето беше величенствено, и тој и се предаде неа.“

6. Џејн Ејр (Jane Eyre)

„Секој дел од твоето тело, од тебе, го сакам, како отсекогаш да ми припаѓал мене. Како да е дел од мене. И во болка и во страдање, ќе го сакам еднакво.“

7. Одвеано со виорот (Gone With The Wind)

„Ти треба да бидеш бакнувана и тоа често. И тоа треба да го прави некој што знае што прави.“

8. Мандолината на капетан Корели (Corelli’s Mandolin)

„Кога ќе се заљубиш, тоа е како да те обземало некое привремено лудило. Те пореметува како земјотрес, а потоа тлото се смирува. А кога ќе се случи тоа, мора да донесеш одлука. Мора да одлучиш дали сакаш своите патишта да ги вкрстиш со неговите и да се убедиш себеси дека веќе никогаш не смеете да се одвоите. Бидејќи љубовта всушност е тоа. Таа не е експеримент, ниту желба да се дружите секоја секунда, ниту ваша несоница бидејќи лежите во креветот и замислувате како ви го љуби секој дел од телото, Не, не се зацрвенувајте. Ова што ви го зборувам е вистина. Љубовта е она што останува откако ќе изгорите еден за друг. Знам дека не звучи премногу возбдливо, но така е!“

9. Господарот на прстените: Дружината на прстените (The Lord of the Rings: Fellowship of the Ring)

„Повеќе би сакал да поминам со тебе еден живот, отколку да поминам неколку векови сам.“

10. Оркански височини (Wuthering Heights)

„Кога би исчезнало сѐ од земјата, а само тој би останал на неа, повторно би имала желба да постојам. Но, кога би исчезнал тој или кога ние двајца повеќе не би постоеле… светот би станал за мене странец и тоа моќен, од кого би сакала да побегнам.“

Прегледи:
1073
Објавено на:
13.01.2022