Категории

Лутината, омразата и другите негативни емоции се само енергија која излегла од контрола. Побарајте го мирот во срцето!

Смири се со оние кои те повредиле без разлика дали физички или емоционално. Луѓето кои те повредуваат на било кој начин го прават тоа бидејќи се сеќаваат на поранешните животи во кои владееле болката и повредите. Сами не можат да се соочат со својата лутина и фрустрација и честопати ја истураат на друг.

Не мрази никого. Не биди лут(а) на никого. Не ја задржувај лутината или омразата во себе. Ако во срцето носиш емоција за било која жива душа или некоја душа која не напуштила, отпушти ја таа емоција и нека ја замени простувањто.

Тажно е да гледаш души кои се враќаат дома полни со горчина, лутина и омраза. Не само што тие емоции ги спречуваат во будењето во нашиот свет туку и ги задржуваат да не пораснат.

Оние кои ве повредиле го направиле тоа затоа што не знаеле поинаку. Честопати се лути на себе, но имаат потреба да ја изразат таа лутина во присуството на други. Сакаат другите да трпат поради нивните проблеми. Болката на обвиненијата, омразата и другите емоции на кои сте изложени можат да бидат многу длабоки и болни, но не ги задржувајте. Простете и на личноста која ви го направила тоа и оддалечете се.

Учете од тие искуства без да внесувате негативна енергија и по некое време ќе почувствувате исцелување. Оддалечувајќи се од тој проблем со тек на време ќе ја промените својата енергија.

Побарајте го мирот во своето срце и кога ќе го направите тоа, вашата душа ќе се подигне на повисоко ниво. Секој треба да знае дека лутината, омразата и сите други негативни емоции се само енергија која излегла од контрола. Кога ќе простите во своето срце тогаш и светот може да започне да простува на глобално ниво.

Имајте љубов за сите ваши браќа и сестри на Земјата бидејќи сите ние потекнуваме од исто семе. Не се прашувајте зошто ве повредиле, туку прашајте се што треба да научите од тоа искуство и со тек на време сѐ ќе ви биде јасно. Кога сте исполнети со лутина, омраза и фрустрација, тогаш не можете да видите ништо друго освен тоа. Еднаш кога ќе се ослободите од тие емоции, тогаш светот ќе го погледнете на еден продуховен начин и ќе знаете која е смислата на животот.

Прегледи:
566
Објавено на:
13.01.2022