На 85-годишна возраст денеска нѐ напушти композиторот и диригентот, маестро Александар Џамбазов. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син, Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил.
„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…“, напиша Игор.
View this post on Instagram
Тања Џамбазова, сестрата на Игор, исто така спорели прекрасен документарец за нејзиниот татко, за деновите кога имаше љубов, ентузијазам, насмевки и разбирање.
Илина Арсова, партнерката на Игор се прости од неговиот татко со фотографија на која сите тројца се среќни и насмеани, а под неа пишува:
View this post on Instagram
„Ние вака ќе си се памтиме, ведри и насмеани, а Маестро секогаш спремен со неисцрпна колекција на анегдоти и вицови. Вечна ти слава, еден и единствен.“
Покрај најблиските, голем број познати личности му оддадоа почит на маестро Џамбазов, споделувајќи спомени и случки со него.