Има една стара поговорка која вели – „Нашиот ум е прекрасен слуга, но опасен господар!
Мислите имаат неверојатна моќ и делуваат на нашите животи, соништа како и реалноста. Се верува дека оној кој може да ги води и контролира од својот живот, може да прави што сака, без разлика на околностите.
За жал, нашите мисли често се ограничени и се производ на двојноста на нашиот мозок или свест. Има негативни мисли, има и позитивни – ова двојност се генерира со наизменична работа на две хемисфери на мозокот или два спротивни пола на свеста. За да бидеме вистински среќни, важно е одвреме-навреме да ги запреме нашите мисли и да ги замолчиме нашите умови. Кога нашиот ум е смирен, ги надминуваме сите двојни ограничувања, стравови, комплекси и илузии.
Запирањето на мислите и ослободувањето на умот е многу тешко во повеќето случаи, а не можете да го направите тоа туку така. Сепак, тибетските монаси развија една одлична техника која може да помогне да се растовари умот и да се отвори вратата за среќа и исполнување на желбите во животот.
Еве како да ја остварите вашата желба – направете ја оваа магична вежба во 3 чекори:
1) Почнете да ги следите вашите мисли, само гледајте ги како доаѓаат и си одат. Додека ги набљудувате своите мисли 10-15 секунди, запрашајте се: „Од каде доаѓа мојата следна мисла?“ Повторете ја оваа вежба уште неколку пати.
2) Постепено, додека гледате како вашите мисли доаѓаат и си одат од вашиот ум, ќе откриете празнина (простор меѓу мислите) – нулта точка. Можеби на почетокот ќе ви биде недофатливо, но со текот на времето ќе го освоите. Со вежбање, овој простор ќе расте и ќе се прошири.
3) Кога ќе станете свесни за вашата нулта точка во вашите мисли и додека вашиот јаз меѓу мислите се зголемува – ќе откриете дека тоа прави чуда за вас. Тоа ќе ви ги исполни желбите, интуитивно ќе одговори на вашите прашања и ќе ги реши сите предизвици кои претстојат. Празнината на мислата не опушта, нè ослободува и ни помага да станеме подобра верзија од себе.