Започна сезоната на лесни пролетни чевли, а на прво место се белите платнени патики. Белите патики се навистина идеални за пролет и лето, но сепак имаат еден недостаток.
Имено, белите патики многу брзо се валкаат, па морате често да ги перете, а потоа постои можност трајно да ги оштетите.
Затоа, неопходно е да се направи тоа на вистински начин. Затоа за вас подготвивме два одлични совети како да го вратите стариот сјај на вашите бели патики.
1. Сода бикарбона и оцет
Измешајте една лажица сода бикарбона, една лажица оцет и една лажица вода. Треба да добиете еден вид паста што ќе ја нанесете на вашите патики со стара четка за заби. Добро истријте ги патиките и оставете ги на сонце најмалку три часа, а потоа измијте ги на вообичаен начин.
2. Детергент и паста за заби
Истурете малку детергент во водата, а потоа натопете ги патиките. После тоа, нанесете паста за заби на патиките и добро истријте ги, па повторно натопете ги во вода и оставете ги најмалку четири часа.
Патиките потоа треба да се перат во машина за перење.
Како перете патики во машина за перење?
Извадете ги врвките од патиките и ставете ги во навлака за перница или торба за перење за да не се заплеткаат. Ставете крпи или мека крпа што може да се пере во машина за перење, за да не се оштетат патиките. Совет е да ги перете на 30 степени, а во зависност од машината програмата да трае од 30 до 40 минути.
Извадете ги патиките од машината и оставете ги да се исушат. Никогаш не ставајте чевли во машина за сушење, бидејќи високите температури можат да ги оштетат.