Категории

Дали сте под голем стрес? – Овие знаци откриваат дека ви е поребен одмор

Со растот на светското богатство би се очекувало луѓето да се се помалку под стрес, но во наше време тоа не изгледа така. Се нервираме и кога треба и кога не, поради мали и големи работи, а се чини дека стресот стана дел од секојдневието на повеќето возрасни.

Дали сте можеби еден од тие луѓе? Откако ќе се запознаете со следните знаци на голем стрес, ќе можете да дадете дефинитивен одговор на ова прашање.

  • Уморни сте иако спиете доволно;
  • Често имате кошмари;
  • Имате намалено либидо;
  • Повремено добивате температура, но само онаа која едвај надминува 37 степени;
  • Ви станува сè потешко да работите под притисок и да се справувате со други стресни ситуации;
  • Имате проблем со варењето;
  • Вашата концентрација значително се намали;
  • Претерувате со лошите навики (премногу пиете, јадете, пушите…);
  • Сè повеќе сте заборавени;
  • Често чувствувате забрзано чукање на срцето;
  • Немате редовна менструација и кај вас се поизразени се симптомите на предменструален синдром;
  • Не можете да функционирате без кафе или енергетски пијалоци.
  • Сè почесто добивате главоболки, особено кога сте преоптоварени со обврски;
  • Вашиот апетит нагло се зголеми или се намали;
  • Имате сè помалку трпение за луѓето околу вас.
  • Доколку забележите некој од овие симптоми кај себе, ве советуваме веднаш да се јавите кај специјалист и да започнете со вашата антистрес терапија.
Прегледи:
390
Објавено на:
12.04.2022