Категории

ДОМАШЕН НАПИТОК ЗА РАСЛАДУВАЊЕ – Идеален за освежување и разладување

Кога надвор е жешко и ништо не може да ја задоволи вашата жед, овој сок е одличен избор.

Нането е повеќегодишно растение, со силен мирис, диво расте како трева, но може да се одгледува и во саксии. Одгледувањето нане во градина или саксија е многу лесно и бара многу вода и треба редовно да се полева. Нането се одгледува во многу делови од светот, има пријатен и нежен вкус. Покрај неговите лековити својства, нането е одличен зачин.

Постојат многу рецепти за сок од нане, а ние ви претставуваме еден многу лесен за подготовка.

Состојки:

  • 1 литар вода
  • 100 гр нане
  • 1 кг шеќер
  • свежо цеден сок од лимон

Подготовка:
Нането измијте го и исечкајте ги листовите и ставете ги во тенџере со вода. Оставете да отстои 24 часа. Потоа исцедете ги и додајте ги шеќерот и сокот од лимон. Оставете го шеќерот да се раствори, но повремено мешајте. Кога шеќерот целосно ќе се раствори, истурете во шише. Растворете го сирупот со вода, а количината на сирупот е по желба. На литар вода можете да 10-15 лажици или повеќе.

Прегледи:
425
Објавено на:
19.05.2022