Самодисциплина е онаа вештина која сите ја посакуваат, но се помалку луѓе ја достигнуваат. Еве неколку лесни начини за да постигнете самодисциплина со коишто може да започнете уште денес:
Не си дозволувајте да западнете во искушенија
Не сите искушенија се страшни. Всушност повеќето од нив се работи кои ги правиме секојдневно. Кога ќе видиме колачиња, посегнуваме по кутијата и се послужуваме или кога налетуваме на попусти и купуваме работи кои што можеби и не ни требаат. Сите овие секојдневни активности се мали искушенија во кои може да западнеме на дневно ниво. Првиот чекор во дисциплинирањето треба да биде препознавање и оттргнување од овие мали секојдневни искушенија.
Држете се до балансирана исхрана
Здравата исхрана не секогаш значи само овошје и зеленчук. Напротив здравата исхрана е балансирана и полна со многу разновидна храна. Токму, ваквата исхрана може да ве научи на добра лекција од полето на дисциплината. Секогаш ставате се себе си и вашата исхрана пред моментални искушенија во форма на нездрава храна. Ваквиот начин на размислување е особено добар за вашата дисциплина и добро расположение.
Планирајте си награди
Дисциплината не мора да биде рестриктивна! Подароците се супер мотивација за подобра дисциплина. Планирајте си награди за одреди завршени цели. На овој начин, дисциплината ќе ја поврзувате со позитивни чувства и со тоа ќе може да го продолжите патот кон подобра самодисциплина на здрав начин.