Сите ние треба да пробуваме да бидеме подобри од она што сме биле вчера. Во ваквите ситуации подобрувањата вообичаено не се видливи веднаш. Еве 8 навидум мали, но всушност големи знаци на личен раст:
- Им давате до знаење на луѓето дека Ве повредиле, им кажувате дека Ве повредиле наместо да им се лутите.
- Ги бришете долгите лути пораки и наместо нив пишувате „Ајде да зборуваме за ова во живо“.
- Веќе не им дозволувате на другите луѓе да ги диктираат Вашите акции и што „треба“ да правите.
- Веќе не велите дека сте мрзеливи туку се прашувате „Кој дискомфорт пробувам да го избегнам?“
- Не се карате и не пробувате да му објасните нешто на некој чија цел е намерно да не Ве разбере.
- Попрво би биле сами со себе отколку да бидете во друштво каде треба да барате да бидете слушнати.
- Веќе не пробувате да ги „поправите“ другите.
- Одлучувате да се тргнете од социјалните медиуми кога ќе видите дека вашите споредувања со другите стануваат токсични.