Категории

Галоски со нов хит и интернационална турнеја

Македонија и тоа како има светски признат диџеј и вистински музички амбасадор, а доказ за тоа е дека Галоски – нашиот добро познат диџеј и продуцент веќе неколку години е еден од најбараните артисти во земјава и пошироко. 

Деновиве Галоски го објави своето најново издание насловено како ALL MY LOVE и за само неколку дена од објавувањето, именувано е како ‘Hottest Record Of The Week’ (Хит на неделата) на SiriusXM – еднa од најпознатите радио мрежи за електронска музика во Соединетите Американски Држави, и има висок рејтинг и комплименти од страна на BBC1 Radio,a  може да го слушнеме скоро на сите радио станици ширум земјава.

 

Инаку вокалот на песната е Lucky Lou која претходно имаше издание со светската денс икона Армин ван Бјурен и композиторот Јарослав Поликарпов чие име може да го сретнеме на изданија од артисти на рангот на Coldplay/Ofenbach, Armin van Buuren, Icona Pop, Felix Jaehn и многу други.

На самиот почеток од годинава Галоски потпиша ново издание и со најдобрата издавачка куќа за електронска музика во светот Spinnin Records и најави нова интернационална турнеја која ги вклучува највозбудливите светски дестинации и градови како Токио, Сингапур, Бангкок, Осло, Хамбург и настапи ширум земјава.

 

Галоски е едно од ретките имиња од овој дел од Европа што редовно успева да привлече внимание од најголемите диџејски великани како што се Дејвид Гета, Тиесто, Мартин Гарикс, Хардвел, Афроџек, Ники Ромеро, Стив Ајоки и многу други.

Само последниве години позади себе има успешни интернационални настапи во најпознатите ноќни клубови ширум светот како и реномирани музички фестивали вклучувајќи Ултра Мјузик Фестивал во Сингапур, Си Денс Фестивал и др.

 

Беше именуван како “македонскиот гениј” од страна на Егзит фестивал, и се котираше како 69то место во најдобрите светски продуценти за електронска музика за 2021.

Прегледи:
399
Објавено на:
22.02.2023