Кога ќе се соочиме со некоја непријатна ситуација, обично нашето расположение опаѓа, а опаѓа и нашиот ментален имунитет.
За да подобро се справите со секоја можна ситуација, од борбата да излезете како победник, а не како личност на којашто ѝ потонале сите бродови, проследете ги следниве совети:
- Не дозволувајте им на другите да Ве контролираат за да на крај не бидете искористени.
- Не можете секогаш да бидете љубезни, на тој начин луѓето Ве искористуваат. Научете да поставувате граници кога тоа е потребно.
- Детоксирајте го Вашиот живот од работи како што се лажни пријатлества и работно место коешто не води до никаде.