Категории

Зошто сонуваме?

Сѐ уште не се познати многу работи околу процесот на сонување, но сепак постојат одредени теории.

Сонувањето ни помага да ја обработиме и подобриме нашата меморија.

За време на спиењето, нашиот мозок ги обработува информациите собрани преку текот на денот и ни помага во изнаоѓање на соодветни решенија за проблемите со коишто се соочуваме.

Сонувањето ги подобрува когнитивните функции.

Исто така, нашите сонови ги откриваат нашите потсвесни желби, мисли, стравови и емоции.

Друга теорија истакнува дека сонувањето служи како проба за потенцијално заканувачки ситуации.

Со тоа што во сонот ни се претставуваат опасни сценарија, нашиот мозок нѐ подготвува да можеме подобро да реагираме во одредени рeални ситуации.

Прегледи:
300
Објавено на:
02.08.2023